Нови цени на горивата

- Advertisement -

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,80% во однос на одлуката од 29.5.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,411%, кај дизелот за 0,843%, кај екстра лесното масло за 0,878% и кај мазутот намалувањето е за 2,585%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,621%

- Advertisement -

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,00 ден/лит. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,571 ден/кг и сега ќе изнесува 39,604 ден/кг.

Од 6.6.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 80,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 82,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 69,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 39,604 (денари/килограм)

- Advertisement -

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 6.6.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките
утврдени цени.

(фото: Peak.px)

Сподели!
- Advertisement -