Канада ќе добие целосно електричен воз кој ќе биде побрз од авион

- Advertisement -

Канада ќе гради целосно електричен ултрабрз hyperloop воз, кој ќе превезува патници во вагони кои ќе лебдат со помош на магнетна енергија со брзина до 1.000 км/ч.Тоа ќе биде побрзо од авион и трипати побрзо од најбрзите брзи возови денес.

FluxJet ќе биде целосно електричен, а вагоните ќе се движат низ вакуум цевки и ќе трошат помалку енергија по патник отколку што денес трошат електричните автомобили. Како што откриваат, FluxJet би можел да почне да ги превезува првите патници порано од 2035 година.

- Advertisement -

Планирано е првата фаза од изградбата да започне на крајот на оваа година и да го поврзе градот Едмонтон со блискиот аеродром. Првата целосно оперативна линија ќе биде помеѓу градовите Калгари и Едмонтон, кои се оддалечени 300 км еден од друг. Со овој воз патувањето кое инаку трае 3 часа ќе се скрати на само 45 минути и ќе се заштеди емисија на дури 636.000 тони јаглерод диоксид годишно.

Компанијата која го креираше овој систем, TransPod, вели дека билетите а ултрабрзиот воз ќе чинат 44% поевтино отколку авионските билети, но сепак, се зависи од тоа како ќе се развива оваа мрежа вредна 18 милијарди долари.

- Advertisement -

(World Economic Forum)

Сподели!
- Advertisement -