Јапонската влада минатата недела објави дека ќе преземат конкретни мерки за покачување на наталитетот во светот. Сега открија дека ќе инвестираат дури 25 милијарди долари за да го сменат овој надолен тренд, кој е проблем на многу развиени земји, но особено е сериозен во Јапонија.
Во рамките на мерките, на родителите во Јапонија ќе им биде доделен месечен надомест од околу 107 долари по дете за секое дете до двегодишна возраст. Од три години нагоре за детето ќе добиваат по околу 71 долар месечно, а со оваа мерка се опфатени и средношколците.
Споре днацрт-законот, држвата повеќе нема да ги користи приходите на семејствата како критериум за утврдување дали ќе додели месечне надомест или не. Владата планира и да отвори градинки или дневни центри за згрижување на децата дури и за родителите кои не се вработени.
Понатаму, ќе ги покачи приходите кои ги змеаат родителите кои се на родителско отсуство почнувајќи од фискалната 2025 година, што значи дека во период од 4-5 недели примањата ќе останат исти дури и восемејствата каде што и двата родители се на отсуство.
Мерките вклучуваат и покачен месечен надомест за родителско отсуство и субвенции за третмани за оплодување. Бројките покљажуваат дека лани за прв пат во оваа земја со 125 милиони жители биле родени помалку од 800.000 деца. Овој долен праг на наталитетот Јапонија го достигна 8 години порано од предвиденото.
Јапонскиот премиер Фумио Кишида, кој овој нов план на владата го претстави во март годинава, вели дека предлага политики за зголемување на прирастот и бара начини да се зголемат примањата на омладите генерации кои допрва треба да имаат деца.
Јапонија е земја со втора најстара нација во светот, после Монако, и има релативно строги правила за имиграција. Едно истражување на Reuters покажа дека 9 од 10 јапонски компании се плашат од евентуална криза поради забрзаниот негативен прираст во земјата.
(Reuters)
(фото: Pexels)