Светските рејтинг агенции S&P Global и Moody’s го подобрија рејтингот на Јунајтед Груп

- Advertisement -

Јунајтед Груп , водечка телекомуникациска и медиумска компанија во Југоисточна Европа, во чии рамки работи компанијата Тотал ТВ во нашата земја, со задоволство објави дека рејтинг агенциите S&P Global и Moody’s позитивно ги оценија рејтинзите на компанијата и нејзините идни перспективи.

S&P Global ја подобри прогнозата за рејтингот на Јунајтед Груп од стабилен на позитивен, додека Moody’s го подобри рејтингот од негативен на стабилен.

- Advertisement -

Ова е резултат на успешната продажба на инфраструктурата за мобилни кули на Јунајед Груп во Бугарија, Хрватска и Словенија на TAWAL за 1,22 милијарди евра или 20,1 пати поголема од вредноста на EBITDA. Приливот на средства од оваа трансакција ќе биде искористен за исплата на обврските доспеани во 2024 и 2025 година со значително намалување на задолженоста на Групацијата.

Јунајтед Груп ги гледа овие одлуки како потврда за успешните стратешки иницијативи на компанијата, вклучувајќи го и нејзиното проширување на грчкиот и бугарскиот пазар. Компанијата останува посветена на подобрување на својата финансиска стабилност и можности за понатамошен раст, а истовремено инвестира во нови технологии и проширување на мрежата.

- Advertisement -

Викторија Боклаг, извршниот директор на Јунајтед Груп, изјави:

Продажбата на нашата мобилна инфраструктура ни овозможи да ја оптимизираме структурата на капиталот, да ја зајакнеме нашата финансиска позиција и успешно да се справиме со силните глобални макроекономски притисоци. Остануваме фокусирани на спроведување на нашата стратегија за раст и обезбедување иновативни и висококвалитетни услуги за нашите клиенти. Ние сме среќни што S&P и Moody’s го препознаа овој успех“.

- Advertisement -

За Јунајтед груп:

Јунајтед Груп со седиште во Холандија е водечки телекомуникациски и медиумски оператор во Југоисточна Европа. Активна во осум земји, компанијата има повеќе од 15 милиони корисници и речиси 15.000 вработени. Јунајтед Груп генерира речиси 2,7 милијарди евра годишни приходи. Компанијата има најширока мрежна покриеност во регионот и им нуди на корисниците најатрактивниот избор на ТВ содржини од целиот свет. Значајните инвестиции во дигиталната инфраструктура, содржината и технологијата обезбедуваат извонредност на производите и услугите што ги обезбедува на клиентите. Јунајтед Груп е во мнозинска сопственост на BC Partners, една од најголемите светски инвестициски компании, од март 2019 година.

За повеќе информации посетете ја https://united.group/

Сподели!
- Advertisement -