Ова се топ 10 најголеми економии во светот за 2023 година

- Advertisement -

Врз основа на резултатите од минатата година и базирано на податоците од Светска банка и националните статистички служби, најголема економија во светот минатата година беа САД со номинален БДП од 25,46 трилиони долари. На второ место е Кина со 17,94 трилиони, а на трето место е Јапонија со 4,17 трилиони долари.

Германија остана на четврто место со БДП од 4,07 трилиони долари, на петто место е Индија со 3,4 трилиони долари. Велика Британија ја сочува шестата позиција со 3,07 трилиони долари, а Франција остана на седмо место со 2,78 трилиони долари.

- Advertisement -

Русија се врати меѓу топ 10 најголеми економии во светот. Ова се случува по прв пат во осум години. Во текот на изминатата година Русија произвела стока и услуги во вредност од 2,3 трилиони долари, што и овозможи да стане осма најголема економија во светот. Последен пат Русија беше меѓу топ 10 најголеми економии во светот во 2014 година, кога беше на деветто место, со показател од 2,05 милиони долари. Лани беше на 11. место.

На деветто место е Канада со БДП од 2,14 трилиони долари, додека Италија з една година падна за две позиции и достигна на десетто место, со показател од 2,01 трилиони долари. Од првите десет испадна Јужна Кореја, која сега е на 13. позиција.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -