Кинеската вселенска програма забележа огромен напредок во последните неколку години и продолжува да се развива со забрзано темпо. Освен финализацијата на изградбата на вселенската станица Tiangong, Кина испрати ровери на Месечината и на Марс, а се во рамките на амбициозните планови а стане една од најголемите вселенски сили во светот, која еден ден ќе може да испраќа луѓе на лунарната површина и на Црвената планета.
Меѓутоа, Кина е цел на критики дека има некотрнолирани падови на некои од ракетите Long march 5B, од коикинесзите тогша тврдеа дека е медиумска хајка која е дел од кампањата на Западот, но сепак почнаа да развиваат систем од падобрани кој ќе ги лови неконтролирано паднатите ракети.
Иако падоците на кинеските ракети не резултираа со повредени луѓе на Земјата, сепак еден дел од ракета падна во тоа село на Брегот на Слоновата коска во 2020 година, а минатата година Шпанија мораше да затвори дел од звојот воздушен простор затоа што едно од ракетните јадра пролета над земјата редда падне во океан.
Новиот кинески падобрански систем е во фаза на развој и беше тестиран на 9 јуни. Според официјалните извештаи, овозможил намалување на просторот за слетување на ракетата за 80%. Овој систем би можел да овозможи контролирано спуштање на ракетите, како и повторно користење на нивните делови. Тој систем поседува електричен подсистем кој е тежок 30 кг и е дизајниран да се активира автоматски на одредена висина, а потоа да го води бустерот до одредено место за слетување, на пример, над океанот.
Ако новиот систем е функционален, веројатно ќе треба одредено време да се интегрира со ракетите Long March 5.
(Klix.ba)
(фото: Wikimedia)