Исхраната, здравите односи и позитивниот став се факторите кои придонесуваат за долговечност, но елискирот за долг и среќен живот не е комплетен без физичка активност. А тоа најдобро го знаат Јапонците.
Авторите на книвата „Икигаи: Јапонска тајна за длг и среќен живот“ на Ектор Гарсија и Франческ Миралес разговараат со повеќе од 100 најстари луѓе на Окинава во Јапонија, која е сината зона со најголема концентрација на стогодишници во светот.
Гарсија и Миралес добиле увид во секојдневното однесување на стогодишниците, како и начинот на кој ги движеле своите тела. „Не мора секој ден да одите во теретана и да вебате еден час или да трчате маратони. Како што ни покажуваат јапонските стогодишници, се што ви треба е да додадете движење во својот ден“ пишуваат Гарсија и Миралес.
Петминутната вежба која ја прават стогодишници во Јапонија секој ден се вика радио таисо. Речиси сите кои ги интервјуирале Гарсија и Миралес рекле дека вежбаат радио таисо, која постои со децении.
Радио таисо, што во превод значи радио вежби, го добила името затоа што упатствата за движењата биле емитувани на радио во 1929 година. Денес радио таисо и понатаму се емитува секојдневно во 6:30 часот на една од најстарите јапонски радиостаници, NHK Radio 1.
Движењата се со низок интензитет и може да бидат одличен начин за да го започнете денот. Клучната цел на радио таисо е промовирање на духот на единство меѓу учесниците. Вежбите вообичаено се прават во групи, на пример, во училиштата и во компаниите пред да почнат со работа.
Една од најпознатите радио таисо вежби се состои од едноставно подигање на раката над главата, а потоа спуштање со круѓни движења. Можеби изгледа обично, но во нашите модерни живот можеме цел ден да го поминеме денот без да ги подигнеме рацете над ушите, пишуваат авторите.
(Bizlife)
(фото: )