Летно кино со автомобили од 23 до 25 јуни во Охрид

- Advertisement -

Културолошката иницијатива „5 до 12“ по трет пат организира летно кино со автомобили под отворено небо во Охрид.

Во поранешната касарна, од 23 јуни (петок) до 25 јуни (недела) ќе се одржат проекции на филмовите „Снежана на крајот умира“, „Парада“ и „Некрстени денови“.

- Advertisement -

Влезот на проекциите, како што најавуваат организаторите, ќе биде отворен од 19:30 часот, а проекциите започнуваат во 21 часот.

Билетите чинат 500 денари по автомобил и ќе можат да се купат на влез.

- Advertisement -

Радио МОФ

Сподели!
- Advertisement -