Во Скопје отворена десеттата „Coca-Cola Активна зона“

- Advertisement -

Во присуство на голем број граѓани, спортисти, рекреативци, претставници од Пивара Скопје, како и градоначалникот на Град Скопје, е отворена е десеттата „Coca-Cola Активната зона“ што Пивара Скопје и компанијата Coca-Cola ја донираа на Градот Скопје.

Проектот „Coca-Cola Активни зони“ се реализираше во повеќе општини ширум земјава во соработка со локалните самоуправи и вклучува поставување фитнес-зони на отворено, опремени со најмодерни професионални справи за вежбање, достапни 24 часа на сите граѓани без никаков надоместок.

Проектот е дел од глобалната платформа на Пивара Скопје и компанијата Coca-Cola за промоција на  физичките, спортски и рекреативни активности и вложување во заедницата, како основа за создавање навики за активен животен стил и мотивирање на граѓаните редовно да спортуваат и да се рекреираат.

- Advertisement -

Со Скопје ја заокружуваме и втората година од овој значаен проект и осврнувајќи се на овие две години во кои дониравме вкупно 10 активни зони, без сомнение, можам да кажам дека луѓето од сите генерации што секојдневно ги користат справите за спорт и рекреација се доказ дека ’Coca-Cola Активните зони‘ се успешен проект што навистина успеа да го поттикне спортскиот дух, дури и кај оние што досега не се занимавале со спорт. Токму затоа, Пивара Скопје во соработка со компанијата Coca-Cola, како општествено одговорни компании, ќе продолжат во насока на реализација на проекти што го промовираат активниот начин на живот, бидејќи редовната физичка активност и спортувањето се императив за градење одржлива иднина и заедница во која живее спортската култура“, изјави Ламбро Патче, директор за односи со јавност и комуникации на Пивара Скопје.

- Advertisement -

„Навистина ми е чест што Градот Скопје е повторно дел од овој проект, преку кој заедно со Пивара Скопје и компанијата Coca-Cola имаме можност да ги мотивираме граѓаните редовно да спортуваат и да практикуваат активни животни навики, дотолку повеќе што оваа зона е бесплатна за користење и е достапна за сите. Нашата цел е да имаме чист, модерен и безбеден град и граѓани што се грижат за себе и за својата средина. Токму затоа, ’Coca-Cola Активната зона‘ е од големо значење за Градот Скопје и апелирам до граѓаните на овој град да ја чуваат и да се грижат за неа“, изјави градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Оваа активна зона е всушност втора донација во Скопје, по првата, која минатата година беше отворена во Општина Гази Баба и која истовремено го означи стартот на долгорочниот проект на Пивара Скопје и компанијата Coca-Cola. Од другите општини, своја „Coca-Cola Активна зона“ добија Охрид, Струмица, Тетово, Прилеп, Штип, Куманово, Гостивар и Радовиш, а од Пивара Скопје најавуваат дека веќе од следната година проектот би имал и свое продолжување, со цел да одговорат на сè поголемиот број барања од граѓаните за отворање нови активни зони, сè додека не се покрие целата територија на земјата.

- Advertisement -

Во насока на промоција на спортскиот дух, вложување и грижа за заедницата и животната средина, преку оваа платформа на Пивара Скопје и компанијата Coca-Cola досега беа реализирани и други успешни проекти, како фудбалскиот куп Coca-Cola и повеќето бесплатни паркиралишта за велосипеди што Пивара Скопје ги донираше на Градот Скопје, со цел поттикнување на велосипедската култура и промоција на велосипедот како алтернативен и еколошки транспорт.

Сподели!
- Advertisement -