Ова се најскапите градови за луксузен живот во светот

- Advertisement -

Сингапут е најскапиот град во светот за луксузно живеење, покажа извештајот на Julius Baer Group. Швајцарската приватна банка вчера го објави својот 2023 Global Wealth and Lifestyle Report извештај.

Сингапур го турна Шангај од лидерската позиција на второ место на листата и ова е прв пат оваа азиска земја да се најде на врвот. Минатата година беше на петто место, а во 2021 година беше на 9. позиција.

- Advertisement -

Аналитичарите на Julius Baer напишаа дека владата на Сингапур успешно ги реализирала своите намери да го направи градот атрактивно место за богати поединци, кои ќе живеат и работат таму, но тоа ги подигна и цените.

Во овој град-држава, со популација од околу 5,5 милиони жители, особено е висока киријата, цените на недвижностите, школарината, даноците на автомобили и генералните трошоци за живот, велат аналитичарите. Основното здравствено осигурување е дупло поскапо од глобалниот просек, додаваат тие.

- Advertisement -

Според калкулаторот за трошоци за живот кој го има на страницата на бладата на Сингапур, една соба во заедничка куќа надвор од центарот на градот генерално чини од 970 до 1.750 долари месечно. Приватен стан чини од 2.830 до 4.285 долари месечно).

Сингапур долго време се сметаше за космополитско и стабилно место за живот, а сеха станува глобален центар за богатите, проценуваат аналитичарите на Julius Baer. Додаваат и дека нивните аеродроми се најпрометни во светот и воедно имаат и највисок БДП по жител на глобално ниво.

- Advertisement -

Еве ја целосната листа на Julius Baer со топ 10 најскапи градови за луксузен живот во светот:
1.Сингапур
2.Шангај
3.Хонгконг
4.Лондон
5.Њујорк
6.Монако
7.Дубаи
8.Тајпеј
9.Сао Пауло
10.Мајами

(Business Insider)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -