Suzuki развива летачки автомобил

- Advertisement -

Иако изминатите неколку години имаше многу амбициозни најави дека летачките автомобили многу наскоро ќе станат реланост, тој ден уште не е дојден. Има многу предизвици на тој пазар – од регулаторни до безбедности и технолошки – но, јасно е дека потенцијалот е огромен и многу компании работат на развојот на такви возила.

На тие компании сега им се приклучи и јапонскиот производител на автомобили Suzuki. Од компанијата најација дека со SkyDrive постигнале договор за развој на летачки автомобили, чие производство треба да почне идната година. Тоа е ногу амбициозна најава. SkyDrive е јапонска компанија со седиште во градот Тојота, а главни акционери се компаниите Itochu, NEC и Eneos Holdings.

- Advertisement -

Според договорот кој го постигнале двете јапонски компании, Suzuki и SkyDrive ќе соработуваат на истражување, развој и огласување на летачки автомобили. SkyDrive треба да воспостави сопствена подружнива за развој на летачки возила, додека Suzuki ќе им помага во подготовките за производство. Меѓу другото, производството на возила е планирано за фабриката на Suzuki во централна Јапонија, а јапонската компанија треба да најде и експерти кои ќе работат на тој проект.

За летачките возила многу се зборуваше и на Paris Airshow. Меѓу другото, своите амбиции повторно ги најави германската компанија Volocopter, од која се надеваат дека нивните први летачки такси возила ќе полетаат веќе идната година, во текот на Олимписките игри во Париз.

- Advertisement -

Ќе биде интересно да се види дали екипата од Volocopter ќе успее да ја оствари својата цел или ќе ја претркаат во тоа јапонските Suzuki и SkyDrive, кои се многу амбициозни во своите цели.

(Reuters)

- Advertisement -

(фото: Raw Pixel)

Сподели!
- Advertisement -