Кои се најконкурентните економии во светот за 2023 година?

- Advertisement -

Данска, Ирска и Швајцарија се прогласени за најконкурентни економии во светот според извештајјот 2023 World Competitiveness Ranking, кој секоја година го објавува Меѓународниот институт за управување со развојот (IMD). Додека Данска успеа да остане на водечката позиција откако се искачи таму минатата година, Ирска скокна од 11-то на второ место, а Швајцарија си ја задржа истата позиција.

Кога ќе ги погледнеме најконкурентните економии за годинава не можеме да не забележиме дека сите три се релативно мали економии, што им овозможува да држат чекор со промените во оваа брза глобализирана економија. Како пто објаснуваат експертите, за да се навигира во оваа непредвидлива средина потребни се агилност и прилагодливост. Земјите кои имаат најдобри резултати се отпорни економии, како што се Ирска, Исланд и Бахреин. Нивните влади, исто така, успеваат навремено да ги адаптираат нивните политики на тековните економски услови.

- Advertisement -

Истото не може да се каже за САД и нивниот федерален систем и бавните правни процеси, што делумно придонесе за нивниот пад од врвот на оваа листа. Тие ја држеа водечката позиција од 1997 до 2009 година и не слегоа подолу од топ 3 се до 2017 година, но најголемата економија во светот годинава е на 9-то место откако тр последователни години (2020, 2021 и 2022 година) беше 10-та. Иако тоа звучи лошо со оглед на статусот на САД во светот, САД се уште се најдобро рангирани меѓу најголемите економии на глобално ниво, а Канада е единствената друга голема економија која е во топ 10 најголеми и е рангирана меѓ топ 20 најконкуренти економии за 2023 година.

Европа годинава има 5 од топ 10 најконкурентни економии – Данска, Ирска, Швајцарија кои се топ 3 и Холандија на петто место и Шведска на осмо. Останатите места во топ 10 ги заземаат: Сингапур на четврто, Тајван на шесто, Хонгконг на седмо, САД на деветто и ОАЕ на десетто место.

- Advertisement -

(Statista)

(фото: IMD)

Сподели!
- Advertisement -