Кко се истражуваат темните предели на другите планети, како на пример, на Месечината? На истражувачите им се потребни силни светилки кои можат да осветлат многу простор, а да не трошат многу енергија. Затоа во склоп на програмата Innovative Advanced Concepts (NIAC) НАСА развива вселенска батериска светилка.
Таа светилка нема воопшто да биде слична на тие кои ги имаме дома. имено, проектот опфаќа создавање на батериска светилка со интензивни пасивни реднгенски и гама зраци и нуклеарен извор на енергија. Во превод, ќе се создаде батериска светилка која не само што ќе може да осветли далеку на неколку километри, туку својата енергија ќе ја црпи од минијатурен нуклеарен реактор.
Светликата ќе го носи името EmberCore, а за НАСА ја развива главниот инженер од компанијата Ultra Safe Nuclear Corporation, Крис Морисон и истражувачот Томас Притиман од Институтот за планетарни науки. Светликата ќе користи сноп од рендгенски и гама зраци кои можат да патуваат и понеколку километри, ќе го осветлат копното и потоа ќе се вратат назад кон сензорот. Сигналот кој се враќа во сензорот дава елементарен отпечаток на информации за површината и за тоа што се наоѓа под неа. Повратно раштрканите гама зраци ќе може да откријат присуство на материи како што е водата.
Оваа необична светлика ќе користи EmberSource, односно напојување кое се базира на модифицирана верзија на нуклеарна полнета керамика EmberCore, која ја развиваат за користење за погон и за греење во вселената. Во јадрото се наоѓаат инертни изотопи набиени со неутрони.
Светилката EmberCore ќе има посебно дизајнирано куќиште, кое ќе овозможи испуштање на рендгенски и гама зраци низ контролиран отвор за снoпот светлина да се насочи во вистински правец. Новите можности би можеле да го револуционизираат истражувањето на Месечината и да ни даде најјасна слика за тоа кои ресурси се достапни на Месечината.
(Zimo)
(фото: Pixabay)