Двајца од најпознатите технолошки милијардери – Илон Маск и Марк Цукербберг – се договорија да се борат еден против друг во кафез. Маск напиша порака на својата сцоијална платформа Twitter дека е „спремен да се бори во кафез“ со Цукерберг. Цукерберг, пак, кој ги поседува мрежите Facebook и Instagram, објави фотографија од пораката на Маск и искоментира: „Кажи само на која локација“.
Маск на тоа му одговори – Vegas Octagon. Octagon е место каде што се одржуваат натпревари од Ultimate Fighting Championship (UFC). UFC iсе одржува во Вегас, Невада.
Маск подоцна овој месец ќе наполни 52 години и најави дека има посебен потег кој го нарекува Walrus и се состои од тоа што легнува врз противникот и не прави ништо. Подоцна објави и видеа од тој потег, но додаде дека воопшто не вежба, единствено вежбање му е кога си игра со децата и ги фрла во воздух.
39-годишниот Цукерберг, пак, има тренирано мешовити боречки вештини (MMA) и има победувани на турнири по џиуџицу.
Нема коментари од Twitter за најавената борба, а портпаролот на Meta истакна дека тоа што читаме е она што се случува. Но, оваа нивна онлајн препирка предизвика голем интерес во бизнис сферата и луѓето почнаа да се обложуваат на едниот или на другиот.
(BBC)