Откриена планета која е потопла од Сонцето

- Advertisement -

Нова студија предводена од научникот Наама Халакоун од Институтот за науки Вајцман во Израеле објави научен труд за ексттремна планета оддалечена 1.400 светлосни години од нас, која спаѓа во класата кафеави џинови кои не се квалифицираат ни како планети, ни како ѕвезди.

Наречен WD0032-317B, овој вселенски објект достигнува температура од околу 7727°C затоа што кружи блиску до својата ѕвезда и е потопол од која било позната планета или друго кафеаво џуџе, па дури е потопол и од нашето Сонце.

- Advertisement -

Со маса од околу 75 до 88 маси на Јупитер, овој објект е блиску до границата на согорување водород, но не е доволно голем за да почне фузиска реакција а да може да се нарече ѕвезда.

Кружи околу ѕвездата WD0032-317, која е бело џуџе, што значи дека претставува густи остатоци од ѕвезда која согорела сето свое гориво и се состои од материјали кои не создржат електролити во нив.

- Advertisement -

На кафеавото џуџе му се потребни само 2,3 часа за да заврти околу својата ѕвезда, која е уште поропла од него затоа што иако има само 40% од масата на напето Сонце, има температура од приближно 37.000 келвини/

Ѕвездата за прв пат е забележана во 2000 година од страна на тимот кој проучувал податоци за големиот телескоп на Европската јужна опсерваторија. Истражувачите забележале дека нешто ја влече ѕвездата, сугерирајќи дека има ѕвезда прдружник, како што може да се види во некои соларни системи, после Халакун и другите.

- Advertisement -

Исто така, плимно е заклучена, што значи деkа сеогаш истата страна е свртена кон својата ѕвезда, додека поладната ноќна страна секогаш е темна. Научниот труд е објавен во репозиториумот arXiv.

(Vidi.hr)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -