НАСА објави фотографии од Марс какви што не сме виделе досега

- Advertisement -

Марс го нарекуваат Црвена планета поради бојата на површината, која е помеѓу портокалова, кафеава и црвена. Но, НАСА сега објави фотографии кои Марс го прикажуваат во сосема поинаква боја.

Во склоп на мисијата MAVEN (Mars Atmosphere and Volatile EvolutioN) снимени се фотографии на кои е забележан ултравиолетов Марс. За научниците таквите фотографии се особено битни затоа што им овозможуваат да стекнат увид во атмосферата на Марс и да ја набљудуваат неговата површина на поинаков начин.

- Advertisement -

Инаку, MAVEN е лансирана во ноември 2013 година и влезе во орбитата ан Марс во септември 2014 година за да ја истражи горната амтосфера на планетата, јоносферата и интеракциите со Сонцето и со соларниот ветар, како и губењето на атмосферата на Марс во вселената.

Фотографиите кои сега се објавени настанале користејќи ултравиолетов спектрограф во текот на обиколката на MAVEN околу Марс во 2022 и 2023 година. Ултравиолетовиот спектрограф бележи бранови должини од 110 до 340 нанометри, што е надор од видливиот спектар. Како што велат од НАСА, а тие бранови должини да ги направат видливи за човечкото око и полесно да ги интерпретираат податоците, фотографиите лажно се бојат со различни нијанси на црвена, зелена и сина. Така атмосферата прима виолетов изглед, облаците и маглата бела и сина, додека површината жолта, кафеава или дури земена боја.

- Advertisement -

Така Црвената планета станува шарена и тоа ни дава сосема ново доживување на Марс. За научниците тие податоци се од неизмерна важност за понатамошно проучување на Марс.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: NASA)

Сподели!
- Advertisement -