Кој политичар има најмногу следбеници на Твитер?

- Advertisement -

Во Европа, на Твитер најдобро стои британската премиерка Тереза ​​Меј со пет милиони следбеници, па следи францускиот претседател Емануел Макрон со три милиони следбеници

Американскиот претседател Доналд Трамп е државник со најмногу следбеници на Твитер, пред папата Франсис и индискиот премиер Нарендра Моди, според годишното истражување на “Twiplomacija” на консултантска фирма Burson Cohn & Wolfe (BCW).

Во октомври минатата година, Трамп го надмина Папата и сега ја предводи листата со 52 милиони следбеници. Папата има 47 милиони следбеници.

- Advertisement -

Индискиот премиер со 42 милиони следбеници е трет на листата.

Во Европа, на Твитер најдобро стои британската премиерка Тереза Меј со пет милиони следбеници, па следи францускиот претседател Емануел Макрон со три милиони следбеници. За споредба, македонскиот премиер Зоран Заев има 11 000 следбеници, додека официјалниот профил на Владата на Р.Македонија има околу 7500 следбеници.

- Advertisement -

Кралицата Ранија од Јордан има десет милиони следбеници, што е најмногу помеѓу државниците и политичарите од арапскиот свет.

Владите на само шест земји во светот немаат апсолутно никаква застапеност на оваа социјална платформа – Лаос, Мавританија, Никарагва, Северна Кореја и Туркменистан.

- Advertisement -

(Marketing365.mk)

 

Сподели!
- Advertisement -