Истражувачи од Федералниот институт Еспирито Санто во Бразил развија паметни хеланки кои користат сензори од оптички влакна за неинвазивно следење на движењето и активностите на тој што ги носи преку 30 мерни точки на секоја нога.
„Новите паметни хеланки направени од полимерни оптички влакна може да се користат за откривање на активности како што се следење, клечење, одење или удирање без спречување на природните движења. Со овој пристап се избегнуваат проблемите со приватноста кои доаѓаат од системи базирани на слики и може да биде корисен за следење на пациентите кои се стари и живеат дома или за мерење на параметрите како што е распонот на движење во рахбилитациските клиники“ вели водителот на истражувачкиот тим, Арналдо Леал Јуниор.
Паметните хеланки имаат прозирни оптички влакна директно интегрирани во текстилот, а за нив е развиена и преносна единица за собирање сигнали, која може да се стави во џеб.
„Ова ситражување е доказ дека може да се развијат преносни сензорски системи со помош на оптички уреди. Исто така, покажавме дека новите алгоритми за машинско учење може да се користат за проширување на сензорските способности на паметниот текстил и може да овозможат мерење на новите параметри“ вели Леал Јуниор.
Истражувањето е дел од поголем проект насочен кон развој на фотонски текстил за евтини преносни сензори. Сензорите биле базирани на полиметил метакрилатни оптчки влакна со дијаметар од 1 мм. Истражувачите создале осетливи делови во влакната со отстранување на мали делови од јадрото/ Кога влакното ќе се свитка поради движење, ќе се промени оптичката снага која патува низ влакното и може да се користи за одредување на видови физички измени кои се применети на осетливото подрачје на влакната.
За да го тестираат својот прототип научниции им облекле хеланки на волонтерите и им рекле да прават разни активности: бавно одење, брзо одење, клечење, седење на стол, седење на под, удар однапред и од назад. Сензорскиот пристап постигнал 100% точност во касификацијата на овие активности.
Студијата е објавена во списанието Biomedical Optics Express.
(Vidi.hr)
(фото: Wallpaper Flare)