ВИДЕО: Романија го пушти во употреба најголемиот мост на Дунав

- Advertisement -

Најголемиот мост преку Дунав и воедно, еден од најголемите висечки мостови во Европа, финансиран од кохезионите фондови на Европската унија, беше отворен за сообраќај на 6 јули во источниот дел на Романија, кај градот Браила.

Мостото ќе ги поврзува романските црноморски пристаништа и делтата на Дунав со остатокот од земјата и со Трансевропската транспортна мрежа, која вклучува копнен, воздушен, речен и морски сообраќај и е клучен елемент за кохерентна, ефикасна, мултимодална инфраструктура, која ја поврзува цела ЕУ.

- Advertisement -

Мостото Браила е долг речиси 2 км, се издига на 38 метри над вода и има четири сообраќајни ленти, па затоа е и најголем мост во Романија, а трет по големина висечки мост во ЕУ.

Од фондовите за кохезија, односно фондовите за воедначување на регионалните разлики во развојот, ЕУ за мостот издвои 63 милиони евра. Се очекува дека мостот ќе го користат околу 11.400 возила дневно, а ќе го скрати времето на патување за околу 50 минути, што ќе придонесе за поголема мобилност, развој на туризмот и на економијата во тој дел од Романија.

- Advertisement -

Мостот, како што велат од Европската комисија, е вистинсо градителско чудо, со вкупно 81.000 км челични кабли, кои ја носат структурата и имаат гарантиран век на траење од 120 години. Европската комисија го одобри градењето на проектот во 2019 година. Од Комисијата велат дека овој мост е само дел од поголем финансиски пакет од кохезионите фондови кој ќе биде инвестиран во транспортната инфраструктура во Романија.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -