Глобалниот јавен долг е рекордни 92.000 милијарди долари

- Advertisement -

Глобалниот јавен долг во 2022 година порасна на рекордни 92.000 милијарди долари. Тоа е резултат на засиленото задолжување на владите за да се ублажат последиците од шпвеќето последователни кризи, се вели во новиот извештај на ОН.

Од почетокот на овој век домашниот и надворешниот долг на земјите ширум светот се зголемил повеќе од пет пати, а БДП само трипати, се вели во новиот извештај на ОН објавен во пресрет на состанокот на министрите за финансии и гувернерите на централните банки на групата G20.

- Advertisement -

„Изгледа дека тоа не е проблем за пазарите, но е проблем за луѓето. Некои од најсиромашните земји во светот се присилени да избираат меѓу сервисирање на долгот и служење на народот“ вели генералниот сектретар на ОН, Антониот Гутереш.

Долгот на земјите во развој е речиси 30% од глобалниот јавен долг, како и долгот на САД, кој во 2022 година изнесувал 31.000 милијарди долари, според проценките на ОН.

- Advertisement -

Кина е во групата земји во развој, а по износот на долгот од 14.000 милијарди долари е на воро место на гловалната скала, после САД. Следуваат Велика Британија и Франција со по околу 3.000 милијарди долари јавен долг, а тука се и Италија и Индија со по 2.900, односно 2.800 милијарди долари. Долгот на Германија е околу 2.700 милијарди долари.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Fortune India)

Сподели!
- Advertisement -