Кога може да се случи првото размножување на луѓе во вселената?

- Advertisement -

Додека вселенскиот туризам станува реалност поради веќе достапните суборбитални летови и подолгите патувања, научниците како професорот по биоаналитичка технологија Дејвид Кулен од Универзитетот Кренфилд почнаа да се занимаваат со уникатен проблем – можноста за човечко зачнување во вселената, Кулен со својот тим направи и студија на оваа тема.

Додека вселенските патувања некогаш беа ограничени за професионалните астронаути, иднината на вселенскиот туризам значи дека и непрофесионалците може да се вклучат во вселенските патувања, што води до дискусии за потенцијалите за интимни средби во вселената.

- Advertisement -

Кулен и неговиот тим го користат изразот „Kármán line club” за да ја опишат потенцијалната појава на сексуални активности во вселената. Со оглед на мотивацијата на вселенские туристи и напредокот во развојот на вселенските летала, се предвидува дека такво нешто може да се случи веќе во текот на наредната деценија.

Меѓутоа, најголема загриженост предизвикуваат можните последици од човечко зачнување во вселената. Моментално туризтичките вселенски летови траат кратко, со што се ограничуваат фазите на човечка репродукција кои може да се случат во вселената. На трудниците им е забрането патување, но не е разгледана можноста за сокриена или непозната бременост.

- Advertisement -

Бестежинската состојба и поголемата радијација во вселената имаат познати ефекти на човечкото тело, како што се губење на мускулна и коскена маса. Меѓутоа, влијанието врз физиолошките процеси како репродукцијата остануваат главно непознати. Ограничените експерименти на ембриони на глувци изложени на вселената покажале промени во одржливоста и укажуваат на можние ефекти на човечктие ембриони зачнати во вселената.

(The Conversation)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -