Кинеските вселенски летала од новата генерација, со екипаж, кои може да превезат до 7 астронаути, може по прв пат да полетаат од 2027 до 2028 година, велат надлежните.
Кинеските вселенски летови со човечки екипаж пожнаа во 2003 година,кога поранешниот роббен пилот Јанг Ливеи беше испратен во орбитата со малата капсула Shenzhou-5. Тој беше првиот Кинез во вселената и милиони луѓе го славеа како херој.
Во иднина новата генерација вселенски летала ќе се користи во лунарни мисии со екипаж за изградба на вселенски станици и за истражување на вселената, изјави Јанг. Неодамнешните тестови на повратата капсула од вселенските летала од новата генерација биле многу успешни, а се проценува дека првите летови со тие летала ќе се направат од 2027 до 2028 година, додава Јанг, кој моментално е заменик главен дизајнер а кинескиот проект за вселенски летала со човечки екипаж.
Овие летала по прв пат беа тестирани во 2020 година. Откако кинеската вселенска станица стана оперативна минатата година, фокусот се врати на проекти за испраќање астронаути на Месечината до крајот на 2030 година, а инженетите неодамна открија повеќе детали од тој план.
Сегашните вселенски летала Shenzhou, кои се базирани на рускиот Soуuz, може да превезат до тројца астронаути во ниската орбита на Земјата.
(Zimo)
(фото: Wikipedia)