Seat гради фабрика за батерии голема колку 9 фудбалски игралишта

- Advertisement -

Шпанската автомобилска компанија Seat ќе гради нова фабрика за батерии во Марторел во Шпанија која ќе има површина од девет фудбалски терени. Претставници на SEAT го пријавија проектот за изградба на фабриката за батерии, во која покрај главните финансии од ЕУ од речиси 1,5 милијарди евра, Seat ќе инвестира 300 милиони евра.

Фабриката ќе се простира на површина од 64.000 квадратни метри, што е еднакво на девет фудбалски терени и ќе се отворат над 400 директни и 100 индиректни работни места.

- Advertisement -

Менаџментот на Seat сакаат Шпанија да ја позиционираат како центра за електромобилност во Европа. Затоа владата предложи иницијатива на секој купувач на електричен автомобил во Шпанија да му се одбијат 15% од данокот на личен доход за да се стимулиура продажбата на такви автомобили и да се шири мрежата од станици за полнење батерии.

PowerCo батериите ќе се склопуваат во новата фабрика, а ќе се произведуваат во Валснеија. Истовремено, фабриката за батерии ќе бидеповрзана со погон во кој ќе се произведуваат модели со нула емисија за цела Wolksvagen групација.

- Advertisement -

Изградбата треба да започне на почетокот на август оваа година, а рокот за завршување е 2025 година.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Seat)

Сподели!
- Advertisement -