Научници од Државниот универзитет во Пенсилванија развиваат стакло кое би го преполовило загадувањето со јаглерод диоксид при изработката. Производот го нарекоа Lionglass, а би можел загадувањето со јаглерод диоксид од производството на стакло во износ од 86 милони тони секоја година да го намали на половина.
Притоа, се троши значително помалку енергија при производството на ова стакло и многу е поотпорно на оштетувања отколку стандардното натриум-калциум силикатно стакло. Истражувачкиот тим неодамна поднесе пријава за патент како прв чекор до пласирање на производот на пазарот.
„Нашата цел е производството на стакло да го направиме одржливо на подолг рок“ велат од универзитетот.
Вообичаеното скакло кое се користи во секојдневните предмети – од прозорци до садови за кујна, се прави со топење на три основни материјали: кварцен песок, сода пепел и варовник.
Сода пепел е натриум карбонат, а варовникот е калциум карбонат, од кои и двата додека се топат ослободуваат јаглерод диоксид, стакленички гас кој ја загрева планетата.
Најголем дел од емисијата на CO2 во оваа индустрија потекнува од согодувањето енергија потребна за топење. Со новото стакло научниците велат дека ќе се намали потрошувачката на енергија за 30% во споредба со обичнто стакло, затоа што температурите на кои се работи се за 300-400 степени Целзиусови пониски.
Притоа, Lionglass е 10 пати поцврсто од обичното стакло, кое пука под притисок на околу 0,1 кг сила. Истражувачите објаснуваат дека границите на ова стакло уште не се утврдени затоа што достигнале максимално оптеретување кое дозволува опрема за печатење.
Отпорноста на оштетување е особено битно својство за стаклото. Размислете на сите начини на кои го користиме стаклото, велат научниците. Тие се надеваат дека подобрената цврстина на LionGlass значи дека производите направени од него може да бидат полесни. Бидејќи LionGlass е 10 пати поцврсто од обичното стакло, може да се прави значително потенко.
(N1)
(фото: Pxfuel)