Истражувачи развија нов тип на проточни батерии во кои е додаден шеќерен адитив, кој зголемува капацитетот и долговечноста. Проточните батерии се состојат од две комори, секоја исполнета со течност – анолит или католит. Батериите се полнат преку електрохемиска реакција и сладираат енергија во хемиските врски. Кога се споени на надворешно струјно коло ја ослободуваат таа енергија, која може да напојува електрични уреди. Проточните батерии се разликуваат од цврстите батерии по тоа што имаат два надворешни садови со течност, која постојано циркулира низ нив за да ги снабдува со електролити.
Колку е поголем садот за снабдување со електролити, толку повеќе енергија може да складира.
Ако се зголемат до димензии на терен за фудбал или повеќе од тоа, проточните батерии можат да служат како помошни генератори за електричната мрежа. Проточните батерии се еден од клучните столбови на стратегијата за декарбонизација за складирана енергија од обновливи извори на енергија. Нивната предност е во тоа што може да се градат во која било димензија – од една соба до еден градски кварт.
Научници од PNNL (Pacific Northwest National Laboratory) развија нов топ на проточни батерии базирани на откритието дека потопувањето на шеќер во електролит ја зголемува излезната моќност за неверојатни 60%. Освен тоа, после една година констатно полнење и празнење на батериите тие не губат речиси ништо од својот капацитет.
Овие истражувачи се првите кои се обиделе да стопат шеќер кој се вика бета циклодекстрин во анолит, со надеж дека тоа ќе помогне со еден друг проблем. Не очекувале дека дополнително ќе ја наполни батеријата.
„Баравме едноставен начин да раствориме повеќе флуоренол во нашиот електролит на база на вода. Бета циклодекстринот ни помогна во тоа, но вистинската корист беше каталитичката способност“ велат авторите на студијата.
Работејќи со истражувачи од Јеил откриле дека шеќерот добива позитивно наелектризирани протони, со што се урамнотежува движењето на негативно наелектризирани електрони, кои се движат кон и преку клеточната мембрана. После краток период успеале да ја забрзаат реакцијата, а со тоа и ефективното ниво на моќноста на батериите за неверојатни 60%.
„Ова е сосема нов пристап во развојот на проточни електролити за батерии. Покажавме дека можете да користите целосно нов тип на катализатор дизајниран за забрзување на претоврањето на енергијата. Понатаму, бидејќи е потопен во течен електролит, се елиминира можноста за исфрлање на цврсти материи“ вели Веи Ванфг, долгогодишен истражувач во PNNL и главен автор на студијата.”
Студијата е објавена во списанието Joule.
(Vidi.hr)
(фото: Wallpaper Flare)