Најнова статистика: Секој жител на Македонија креира половина тон отпад годишно!

- Advertisement -

Статистикатапокажува дека лани вкупното количество собран комунален отпад изнесувал 605.638 тони и во однос на 2021 година има намалување од 4,2 отсто. Инаку, 506.257 тони или 84 проценти се собрани од домаќинствата, а останатите 16 отсто се комерцијален отпад.

Според видовите отпад, предничи измешаниот комунален отпад – 494.693 тони или 81,7 отсто, а најмало количество има отпадот од гума – 1.487 тони или 0,2 проценти од вкупното количество.

- Advertisement -

Што се однесува до пластичниот отпад, лани биле собрани 13.063 тони.

Исто така, статистичките податоци велат дека годишното количество на создаден комунален отпад по жител во 2022 година е 467 килограми.

Сподели!
- Advertisement -