Оживеаја црви зaмрзнати пред повеќе од 46.000 години

- Advertisement -

Откриени се црви стари 46.000 години. Нивни современици се одамна изумрените мамути. Црвите замрзнале во текот на последната ледена доба, а се пдонајдени пред неколку години во примероци од сибирски пермафрост, постојано замрзнато тло, на длабочина од околу40 метри. .

Црвите во него биле во криптобиоза или состојба во која метаболичките процеси се речиси целосно стопирани. Научниците досега имаа докази дека црвите можат да поминат така неколку децении, но не и илјадници години.

- Advertisement -

Црвите го создаваат шеќерот трехалоза, кој некако им помага да ја заштитат својата ДНК и протеините додека се во таа фаза на „одмор“. Додека научнциите ги проверувале базите на податоци не можеле да најдат ниедна генетска секвенца која е иста на таа што ја пронашле и заклучиле дека станува збор за нов вид на црви.

После одрмзнувањето црвите живееле еден месец, а зад себе оставиле стотина нови генерации. Со проучување на тој вид на црви и споредување на нивните геноми и како се прилагодиле на екстремните услови можеме да научиме многу за конзервациската биологија. Моеме да научиме работи кои ќе ни помогнат да ги дспасиме загрозените врсти и да размислите за можните мерки за заштита, порачуваат научниците.

- Advertisement -

Тие предупредуваат и дека ако се имаат предвид глобалните климатски промени и топењето на ледот и пермафростот, може да се соочиме со појава на досега невидени врсти затоа што не се одмрзнуваат само црви, туку и бактерии. Во постојаниот мраз може да се кријат опасни материи како одамна исчезнати бактерии и вируси, кои би можеле да предизвикаат глобални здравствени проблеми, како што беше пандемијата на корона вирусот, додаваат.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: Hippopx)

Сподели!
- Advertisement -