Илон Маск направи powerbank за мобилни телефони

- Advertisement -

Ако сте помеѓу оние кои уште не можат да си дозволат Tesla автомобил како Model S, Model X или Model 3, тоа не значи дека ќе морате во целост да се откажете од технологиите на Илон Маск наменети за електрични автомобили. Компанијата издаде екстерен батериски пакет за мобилни уреди под името Tesla Powerbank, кој може да се купи на нивната официјална страница за 45 долари.

Дизајнот на уредот е испириран од Supercharger станиците за полнење на електричните автомобили Tesla, а доаѓа со USB, микро USB и осветлувачки поврзувачи кои ќе ви озоможат полнење и на Android и на iPhone телефоните. Уредот користи една батерија од 18.650 ќелии од 3.350 mAh каква може да се најде во Model S и X автомобилите, каде што, секако, ги има во поголем број.

- Advertisement -

Со обзир на релативно високата цена за тај капацитет, голем дел од корисниците и понатаму ќе избираат некоја алтернативна и поевтина надворешна батерија со поголем капацитет, но за фановите на Илон Маск и Tesla автомобилите веројатно ќе претставува нешто што мора да се купи и да се постави на некое видно место во домот. Ова е првиот ваков производ на Tesla.

Сподели!
- Advertisement -