Бојата на океаните значително е променета во последните 20 години, а климатските промени предизвикани од човекот најверојатно се одговорни, покажува една нова студија.
Повеќе од 56 отсто од светските океани ја промениле бојата до степен што не може да се објасни со природната варијабилност, вели тимот на истражувачи, предводени од научници од Националниот центар за океанографија во Велика Британија и од Технолошкиот институт во Масачусетс во САД.
Тропските океани особено блиску до екваторот станаа позелени во изминатите две децении, одразувајќи ги промените во нивните екосистеми, според студијата објавена во списанието Nature.
Бојата на океанот е изведена од материјалите што се наоѓаат во неговите горни слоеви. На пример, длабоко сино море има многу малку живот во него, додека зелената боја значи дека во водата има екосистеми, базирани на фитопланктон, микроби слични на растенија кои содржат хлорофил. Фитопланктонот ја формира основата на мрежата за храна која поддржува поголеми организми.
Позелени мориња значи дека има повеќе фитопланктони присутни во водата.
-Не е јасно точно како се менуваат овие екосистеми, рече коавторот на студијата Стефани Дуткиевич, виш научник за истражување во Одделот за Земја, атмосферски и планетарни науки на MIT. Додека некои области ќе имаат помалку фитопланктон, други ќе имаат повеќе – и најверојато е дека сите делови од океанот ќе претрпат промени.
Океанските екосистеми се фино избалансирани и секоја промена во фитопланктонот прави бранови низ синџирот на исхрана.
Целиот текст на idividi.com.mk