Не очекува рекордно поскапување на најомилениот пијалак во светот

- Advertisement -

Најлошите мразеви во претходните неколку децении во Бразил и рекордно високите трошоци за превоз поради застојот во бродскиот транспорт во текот на пандемијата на КОВИД-19 во текот на наредните неколку недели ќе резултираат со скок на цената на кафето на највисоко ниво во последните неколку години, проценуваат аналитичарите.

Растот на цената на кафето дополнително ќе ја поскапи потрошувачката кошничка откако веќе поскапеа лебот, растителните масла и шеќерот. Индексот на агенцијата на ОН за храна која ги покажува светските цени на храната во јули годинава порасна за 31% во однос на истиот месец една година претходно, и тоа во време кога многу потрошувачи уште имаат финансиски проблеми поради пандемијата.

- Advertisement -

Најлошиот мраз во Бразил, кој е најголем производител на кафе во светот, од 1994 година досега ги вивна цените на кафето на највисоко ниво во последните седум годин, а товарот од тоа ќе се ренесе на потрошувачите кои купувата пржено или мелено кафе во супермаркетите.

И пореметувањето на транспортот во глобалната испорака ќе предизвика пораст на побарувачката после пандемијата и недоволен број на расположливи бродови исто така предизвика остар скок на цената на превозот на кафето до главните земји=потрошувачи во Америка и во Европа. Трговците веруваат дека потрошувачите наскоро ќе плаќаат повисока цена на кафето во продавнците, додека краткорочно трошоците за кафе во кафилињата можеби нема да го следат тој тренд.

- Advertisement -

Од бразилското здружение на производители на кафе Abic проценуваат дека цените на прженото каде во Бразил скокнаа за 80% од декември до крајот на јули. Инаку, Бразил е заслужен за 30% од вкупниот светски извоз на кафе во светот.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -