Додека многумина живеат во страв дека поради вештачката интелигенција може да ја изгубат работата, LinkedIn подготвува алатка базирана токму на вештачка интелигенција која ќе им помага на луѓето при барањето работа. Информациите за новата алатка уште не се официјални, туку ги објави еден истражувач и девелопер кој е познат по откривањето нови и ненајавени опции во апликацијата.
Како што велат од LinkedIn, новата опција Coach треба да биде еден вид на асистент кој на корисниците на оваа социјална мрежа може дда им помогне да пребаруваат достапни работни места и да аплицираат за нив, како во истражувањето на културата на компаниите за кои се заинтересирани и слично за подобро да се подготват за работа, односно за потенцијалниот разговор за работа.
Новинарите на Insider го контактираа LinkedIn врзано за развојот на асистентот кој на корисниците може да им помогне при барањето работа, но нема потврда за AI Coach. Претставник од LinkedIn им одговорил дека уште истражуваат нови начини на кои може да се подобри искуството на нивните корисници на LinkedIn и наскоро да се споделат повеќе информации за тоа.
Инаку, LinkedIn веќе некое време ја тестира опцијата за четбот со вештачка интелигенција, која е наменета за претплатниците на оваа мрежа и која треба да им помогне во испраќањето пораки и јавувањето на огласи за работа. Исто така, сопственикот на LinkedIn, Microsoft, е вклучен и во бројни други AI проекти, а инвестираа и повеќе милијарди долари во компанијата OpenAI, која стои зад најпопуларниот AI четбот ChatGPT, така што јасно е дека нивните планови главно се фокусирани на вештачка интелигенција.
(Zimo)