После пет години од мисијата на сателитот Aeolus на Европската вселенска агенција, кој го проучуваше ветрот, настана композицијата наречена „Life of Aeolus”. Како што велат од агенцијата, станува збор за неверојатен дувачко-оркестрален дел кој го опфаќа целиот живот на Aeolus околу Земјата.
Имено, сателитот Aeolus бил опремен со ласерот Aladin, кој прв мерел глобални профили на ветрот од вселената. Во текот на речиси пет години мисија Aeolus собирал податоци речиси во реално време, а тие биле толку добри што водечките метеоролошки центри сега ги користат за временски прогноза.
За да го одбележат крајот на мисијата Европската вселенска агенција со креаторот на сателитот, Џејми Перето, направиле композиција од 30 минути во која секоја секунда е еден ден од животот на Aeolus.
Висината, должината и јачината на музиката се направени со трансформација на различните типови податоци на Aeolus напишани на распонот на различни дувачки инструменти.
Сонификацијата е мултидисциплинарна пракса и начин на пренос на информации, а при слушањето е механизам за знаење, вели Переро.
(Dnevnik.hr)
(фото: Pxfuel)