Американски научници успеаја да пресадат дел од човечки мозок во стаорец

- Advertisement -

Револуционерна студија покажа дека органоидите на човечкиот мозок, односно неврони со големина на семе, успеале да се интегрираат во мозокот на стаорци, да се поврзат со нивното снабдување со крв и да комуницираат со невроните на стаорците.

Тимот кој стои зад оваа студија вели дека докторите во иднина би можеле да одгледуваат мозочно ткиво од сопствените клетки на пациентите во лабораторија и да го користат за поправка на повреди на мозокот предизвикани од мозочен удар или траума.

- Advertisement -

„Ова е неверојатно возбудливо за мене како доктор“ вели Исак Чен, доктор и асистент професор по неврохирургија на Универзитетот Пенсилванија. Чен и неговите колеги докажаа дека кога се одгледуваат во соодтветни услови, невроните почнуваат да формираат минијатурни структури слични на мозокот, што на научниците им овозможува да ги истражуваат проблемите во развојот на мозокот од типот на аутизмот.

Новиот труд е првиот доказ дека мозочното ткиво одгледано во лабораторија може успешно да се имплантира на местото на повредата за да се поправи мозокот на возрасни лица. Тоа сугерира дека во иднина може да најде и клиничка примена, односно дека во иднина ќе може да се врши трансплантација на мозок.

- Advertisement -

Чен и неговите колеги одгледувале органоиди на човечкиот мозок во лабораториски сад додека не достигнале големина од околу 1,5 мм. Ткивата потоа ги трансплантирале во возрасни стаорци кои претрпеле повреди на видниот кортекс. Во рок од 3 месеци пресадените органоиди се интегрирале во мозокот на домаќините, се поврзале со крвниот систем и се прошириле неколкукратно.

Научниците велат дека не очекувале толкав степен на функционална интеграција толку рано. Според нив, ова значи дека трансплантацијата на мозочно ткиво во мозокот на возрасен цицач, особено некој со повреда на мозокот, е одржлив пат за поправка на мозокот.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -