Tinder ќе ви наоѓа сродни души со помош на вештачка интелигенција

- Advertisement -

При отворањето профил на Tinder многу корисници имаат ист проблем – избор на што подобра профилна фотографија со која би ги подобриле шансите да запознаат некого и да најдат сродна душа. Овој сервис за запознавање пронајде решение за тој проблем, а тоа решение е вештачка интелигенција. Tinder почна и со тестирање на алатка базирана на вештачка интелигенција која на корисниците ќе им помогне да изберат најдобра профилна фотографија.

Се што е потребно е да се пушти вештачка интелигенција во албумите со фотографии на телефонот и таа ќе избере најдобри пет фотографии, односно фотографии кои ќе ве прикажат во најдобро светло и ќе ги зголемат шансите некој да повлече надесно. Благодарение на таа алатка, велат од Tinder, корисниците ќе добијат најдобри можни предлози за фотографии кои можат да ги користат.

- Advertisement -

Навистина мислам дека вештачката интелигенција може да им помогне на нашите корисници да постават подобри профили на поефикасен начин, кој ќе го покаже нивниот карактер во вистинско светло“ вели извршниот директор на Match Group, компанијата која е сопственик на Tinder, Бернард Ким.

Тој нагласи дека нивните планови за вештачка интелигенција се многу поголеми од само избрани фотографии за профилна слика. Меѓу нив, еден од плановите на Tinder е да користат вештачка интелигенција за да се прикаже витинската содржина за вистинските луѓе. Со тоа ќе се подобри исходот од комуникацијата, односно ќе има помалку повлекувања налево.

- Advertisement -

Вештачката интелигенција стана неизоставна алатка за речиси сите технолошки, но и за другите компании и уште минатиот месец извршниот директор за производство на Tinder, Марк Ван Рисвик, најави дека сакаат да користат алатки базирани на генеративна вештачка интелигенција која на корисниците ќе им помогне во пишувањето биографии. Таа опција уште е во рана фаза и е достапна само за корисниците на одредени пазари, а користи системи базирани на вештачка интелигенција која на корисниците им предлага персонализиран тескт направен според интересите и желбите на самите корисници.

Како што вели Рисвик, истражувањето кое го направила компанијата покажало дека 1/3 од корисниците на оваа мрежа (од 75 милиони активни корисници) сакаат да користат генеративна вештачка интелигенција при составувањето на профилите.

- Advertisement -

(The Guardian)

(фото: Tinder Newsroom)

Сподели!
- Advertisement -