Тимот на НАСА кој го развива Mars Ascent Vehicle (MAV) успешно ги помина тестовите на првиот и вториот степен на ракетниот мотор потребен за лансирање од Марс. Mars Sample Return мисијата ќе донесе примероци од почвата на Марс на Земјата, а е развиена во соработка со Европската вселенска агенција и ја вклучува првата мисија на примероци од друга планета. Примероците кои моментално ги собира роверот Perseverance на НАСА во текот на истражувањата на делтите на Марс откри дека тие имаат потенцијал да ја откријат раната еволуција на планетата, вклучувајќи и потенцијал за древен живот.
Двостепената ракета MAV е битен дел од заедничкиот план на НАСА и на Европската вселенска агенција да донесат научно избрани марсовски примероци на Земјата на почетокот на 2030-тите години.
Под управата на Центарот за вселенски летови Маршал на НАСА во Хантсвил, Алабама, треба да биде лансиран во мај 2028 година, а примероците треба да стигнат на Земјата на почетокот на 2030-тите години. Со програмата за враќање на примероците од Марс управува лабораторијата JPL во јужна Калифорнија.
MAV ќе патува на Sample Retrieval лендерот во текот на лансирањето од Земјата,. Патувањето ќе трае две години до Марс и потоа една година ќе трае собирањето на примероците кои ги собрал Perseverance. Откако раката за пренос на примероците на лендерот ќе ги вчита примероците од Perseverance, MAV ќе се лансира од Марс во орбитата околу планетата, ќе ги ослободи податоците и ќе му ги даде на орбитерот Earth Return Orbiter.
Лансирањето на MAV ќе биде извршено со помош на два ракетни мотори на цврсто гориво – SRM1 и SRM2. SRM1 ќе го подигне MAV далеку од површината на Црвената планета, додека SRM2 ќе го покрене вториот степен на MAV.
(Vidi.hr)
(фото: YouTube)