Минатиот месец е најтоплиот јули досега забележан на Земјата, потврди вчера Климатската опсерваторија на ЕУ, Коперникус. Месецот беше исполнет со топлотни бранови и пожари ширум светот и според податоците, бил за 0,33 степени Целзиусови потопол од рекордот поставен во 2019 година, кога просечната температура на земјата беше 16,63 степени Целзиусови, се вели во извештајот од опсерваторијата.
Доддаваат и дека јули 2023 година бил за 0,72 степени Целзиусови потопот од просекот во јули во периодот 1991-2020 година. Околу 1,2 степени Целзиусови глобално затоплување од доцните 1800-ти години, поттикнато главно од согорувањето фосилни горива, ги направи топлотните бранови уште потпли, подолги и почести, а ги интензивираше и другите временски екстреми како што се бурите и поплавите.
Топлотните бранови се забележани во повеќе делови од северната хемисфера, вклучувајќи ја и јужна Европа. Температури значително над просекот имаше и во неколку јужноамерикански земји и во голем дел на Антарктикот, вели климатската опсерваторија Коперникус.
Глобалната просечна вредност за 2023 година е третата највисока измерена досега. Се очекува дека разликата меѓу температурите во 2016 и годинава ќе се намали во последните месеци, затоа што крајнит емесеци од 2016 година беа доста поладни, а се прогнозира дека остатокот од годинава ќе биде релативно топол со оглед на феноменот Ел Нињо.
Од опсерваторијата истакнаа дека другите податоци за климата од минатото, како што се годовите на дрвјата и јадрото на вечниот мраз, сугерираат дека температурите видени во овој период може да бидат без преседан во нашата историја во последните неколку илјади години, а веројатно и подолго во последните 100.000 години.
(Zimo)
(фото: Pixabay)