Во Франција ќе се гради најголемата стакленичка градина во светот

- Advertisement -

Северна Франција не е тропски рај, но еден ден од неа наскоро ќе биде. Француската компанија Coldefy & Associates го претстави својот план да ја гради најголемата стакленичка градина со една полусфера во светот во областа Па де Кале. Проектот се вика Tropicalia и ќе се простира на површина од 20.000 квадратни метри, а се состои од масивна алуминиумска рамка и пластика базирана на флуорид. Провидниот пластичен материјал со воздушни меурчиња многу често се користи за архитектонски проекти наместо стакло, вклучувајќи го и водениот центар National Aquatic Center во Пекинг и сличниот проект Eden Project во Обединетото Кралство.

Според Coldefy & Associates, природниот ефект на стакленичка градина ќе придонесе за одржување константна температура од 28° C во внатрешноста, иако ќе се користи некаква вентилација, а можеби и греење. Вишокот топлина, пак, ќе може да се складира или да се користи за парно греење во околината.

- Advertisement -

Во внатрешноста на полусферата ќе има богато зеленило и животни кои живеат во тропски области, колибри, риби и желки. По патека долга 1 км преку мостови, базени и водопади посетителите ќе можат внимателно да ја разгледуваат природата. Ќе има и ресторан, хотел, гостинска куќа, продавници и посебен дел за научници.

Изградбата на Tropicalia ќе почне во 2019 година, а се очекува да биде готова до 2021 година. Од Coldefy & Associates очекуваат да имаат до 500.000 посетители годишно, а повеќе детали за проектот ќе бидат познати кога ќе почне изградбата.

Сподели!
- Advertisement -