Поради усогласување со Актот за дигитални услуги, кој неодамна го донесе ЕУ, TikTok најави промени на својата мрежа, а во иста насока се очекува да тргнат и другитѕе најпопуларни платформи.
За да ги заштитат корисниците, а особено малолетниците, Европската унија го донесе тој Акт, на кој мора да се прилагодат многу големи интернет платформи,. Меѓу компаниите на кои се однесува овој закон е и TikTok.
За да се усогласат со новите правила на ЕУ од TikTok најавија промени кои се наменети за европските корисници, а наскоро стапуваат на сила. Меѓу нив на корисниците најмногу ќе им биде интересна можноста за исклучување на персонализирамиот алгоритам за For You и Live вестите. На корисниците кои ќе го исклучат тој алгоритам, односно можноста за персонализација повеќе нема да им се прикажуваат осдржини базирани на нивните интереси, односно досегашните активности на TikTok.
Наместо тоа, како што пишува на официјалните страници на оваа платформа, на корисниците ќе им се пикажуваат популарни видеа од местото каде што живеат и од целиот свет. При пребарувањето, ако е исклучен алгоритамот, ќе се прикажуваат популарни содржини од нивниот регион и на нивниот јазик, додека во листата со новини од следбениците и пријателите ќе има содржинни од личностите кои ги следат, но хронолошки подредени.
Уште една промена на TikTok поради Атктот за дигитална приватност е таргетираното огласување за малолетници, кое се забранува. Од TikTok велат дека за нив е приоритет заштитата на тинејџерите и најавија дека профилите на сите помлади од 16 години отсег автоматски ќе бидат поставени како приватни, а нивните содржини нема да се препорачуваат во делот For You.
Исто така, на европските корисници од 13 до 17 години нема да им се прикажуваат персонализирани огласи кои се базирани на нивните активности на таа мрежа.
Инаку, TikTok е една од 19 компании на кои се однесува тој нов закон, а на листата се наоѓаат и Facebook, Instagram, YouTube, X, Snapchat и др.
(Dnevnik.hr)
(фото: Pixabay)