Во Кина почна да работи првиот „паметен“ паркинг (ВИДЕО)

- Advertisement -

Градот Хангжу во Кина доби целосно автоматизиран систем за паркирање

3003Објавил:Administrator
08 август 2023, 22:05СподелиСподелиhttps://www.facebook.com/v2.10/plugins/like.php?action=like&app_id=&channel=https%3A%2F%2Fstaticxx.facebook.com%2Fx%2Fconnect%2Fxd_arbiter%2F%3Fversion%3D46%23cb%3Df7af462e1dbee8%26domain%3Dkanal5.com.mk%26is_canvas%3Dfalse%26origin%3Dhttps%253A%252F%252Fkanal5.com.mk%252Ff295366f673eab4%26relation%3Dparent.parent&container_width=134&href=https%3A%2F%2Fkanal5.com.mk%2Fvo-kina-pochna-da-raboti-prviot-pameten-parking-video%2Fa594811&layout=button&locale=en_US&sdk=joey&share=false&show_faces=false&size=large

Возачите ќе бидат воодушевени од фактот што треба само да го остават својот автомобил во зградата, која е и архитектонско ремек дело.

- Advertisement -

Зградата го носи името Future Car Park и се наоѓа во деловната област Хангжу, а може да прими 500 автомобили.

Паркингот се состои од низа кули кои личат на овални дрвја. Три кули во центарот на паркингот на иднината се користат за паркирање автомобили, додека другите три ги превезуваат возилата со лифтови.

- Advertisement -

Возачите влегуваат во зградата, каде што ги оставаат своите автомобили, кои потоа се преместуваат во долните паркинг зони или со лифтови се дистрибуираат до кулите.

Системот за автоматско паркирање го одредува паркинг просторот за секој автомобил врз основа на потребното време за паркирање побарано од сопственикот на автомобилот.

- Advertisement -

Извор – Канал 5

Сподели!
- Advertisement -