Мате Римац открива: Забавниот парк Europa-Park гради нов дел целосно посветен на Хрватска

- Advertisement -

Последните две и пол недели хиперавтомобилот Nevera е изложен во Хвар, но вчера беше одржана и заедничка конференција на групацијата Rimac и Europa-Park за изградба на хрватски дел во тој голем забавен парк, кој годишно го посетуваат 6 милиони луѓе. Најавено е и како ќе изгледа и што се ќе содржи хрватскиот дел од паркот, во чија изградба ќе учестува и групацијата Rimac.

Мате Римац на конференцијата изјави дека е убаво да се комбинира овој бидер на Јадранот, бисерот на хрватскиот туризам Хвар и да им се покаже на туристите од целиот свет дека Хрватска ја нема само Nevera, туку и многу други интересни работи кои вреди да се прераскажат.

- Advertisement -

Сите гости кои доаѓаат со големи јахти од целиот свет имаат прилика и да ја испробаат Neveru по патиштата на Хварт, додаде Римац.

„Подоцна денес ќе ја покажеме и соработката меѓу Europa-Park и Bugatti Rimаc и Rimac групацијата. Europa-Park е најголемиот забавен парк во Европа и осум пати е наградуван како најдобар забавен парк во светот, а сега гради голем дел посветен само на Хрватска, кој во целина на некој начин ќе ја прелицира хрватската архитектура и ќе ја покаже хрватската култура, Никола Тесла, и други наши иноватори. Најголема атракција ќе биде делот посветен на Neverа и на компанијата Rimac, каде што заедно ќе направиме луда железница која ќе ги демонстрира перформансите – забрзувањето, моќноста на нашиот автомобил – кои ќе можат да ги искусат сите 6 милиони посетители кои доаѓаат таму годишно.

- Advertisement -

Сакаме на светот да му го приближиме она што ние го правиме во Хрватска, а и хрватската историја и нашите иноватори, кои, фала му на Бога, ги имаме доста. Широкиот круг на луѓе кои ќе дојдат во Europa-Park ќе можат да видат, да искусат и да ги поттикнеме да дојдат пак во Хрватска“ изјави Мате Римац.

(HRT)

- Advertisement -

(фото: Pxfuel)

Сподели!
- Advertisement -