Русија денес го лансираше своето прво вселенско летало за слетување на Месечината 47 после последната мисија. Целта е да се обиде да биде првата земја во светот која ќе направи меко слетување на јужниот пол на Месечината, регион за кој се верува дека содржи џебови со воден мраз.
Ракетата Sojuz 2.1v, која го носи леталото Luna-25, беше лансирана од космодромот Восточни на 5.550 км источно од Москва во 2:11 часот по московско време. Лендерот треба да слета на Месечината на 23 август, објави руската вселенска агенција.
Руската лунарна мисија, која е прва од 1976 година досега, се натпреварува со мисијата на Индија, која минатиот месец го испрати својот лунарен лендер Chandrayaan-3, и со САД и Кина, државите кои имаат напредни програми за истражување на Месечината.
Со векови астрономите се обидуваат да откријат дали има вода на Месечината, природниот сателит на Земјата кој е 100 пати посув од пустината Сахара. Мапите на НАСА од 2018 година покажуваат воден мраз во засенетите делови од Месечината, а во 2020 година НАСА го потврди постоењето вода на делови на кои допира сончева светлина.
(Zimo)
(фото: NASA)