Марк Цукерберг претстави нова опција за платформата WhatsApp – споделување екран во текот на видео-повици, што досега веќе беше достапно на некои други платформи и апликации како Microsoft Meet, Google Meet, Zoom и FaceTime.
Новата опција ќе овозможи споделување на документи, фотографии, па дури и колички за шопинг со контактите кои ги имате во телефон и тоа преку видеоповици.
Опцијата која бета тестерите имаа прилика да ја тестираат од крајот на мај годинава наскоро ќе биде достапна за сите корисници на платформата, а ќе можете да и пристапите со кликнување на иконата Share (споделува) и корисниците ќе можат да избираат меѓу споделување на одредени апликации или на целиот екран.
Споделување на екран почна да се воведува на Android, iOS и Windows Desktop во фази, што значи дека можеби нема да ја видите веднаш, но наскоро треба да ви биде достапна.
Покрај споделувањето на екранот, WhatsApp сега нуди и поддршка за видеоповици во пејзажен начин на работа за подобро искуство при гледање во однос на постојниот начин на работа.
(Vidi.hr)
(фото: Pixabay)