Новина во работењето на министерот Алиу: Знаковниот јазик е еднаков со сите други јазици

- Advertisement -

Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, денеска одржа средба со претставниците на Здружението за промоција и развој на инклузивно општество ,,Инклузива“.

На средбата министерот посочи дека се гради европски модел на комуникација и во таа смисла  е заложбата кон лицата со попреченост, да бидат вклучени во сите законодавни процеси, како и да се подигне свеста за правата и потребите на овие лица.

- Advertisement -

„Системски се трудиме и работиме на воспоставување на професионална рамка која користи знаковен јазик и има лиценца да толкува знаци во сите сфери на општеството. Во моите јавни настапи, кои се од информативен карактер, ќе имаме преведувач во реално време со знаковен јазик, воспоставувајќи го како практика и како стандард за сите наши јавни средби. Веб-страницата на MИОА е преведена и на знаковен јазик. Правото на информации и пристап до услуги го сметаме за многу важно, без никого да исклучуваме“, рече министерот Алиу.

Сподели!
- Advertisement -