Паднаа цените на становите во Белград

- Advertisement -


Според последните информации кои ни доаѓаат од пазарот на недвижности, како и цените на сместувачките единици во Белград, има благ пад на цените на киријата, но и на цената на квадратите. Се посакуваше пад, а импулсите од пазарот даваа сигнали дека тоа може да се случи.

Исто така, податоците на Републичкиот завод за статистика покажуваат пад од 13 отсто во вториот квартал годинава, односно вредноста на пазарот на недвижности изнесува 1,7 милијарди евра, што е пад во однос на истиот период минатата година.

- Advertisement -

Како и во секоја летна сезона, пазарот мирува, но се уште постои интерес за купување станови. Проблемот го предизвикуваат бројните сопственици на станови, особено на стари згради, кои донекаде логично сакаат да извлечат максимум за својoт стан но најчесто се нерационални со превисоката цена и она што го нудат.

Но, на пазарот сè уште има „бисери“, кои, искрено, ги нема во еминентните белградски општини, но може да се купат за помал буџет.

- Advertisement -

Фото – Wikimedia

Сподели!
- Advertisement -