Странските туристи во Португалија oствариле повеќе од 24 милиони ноќевања во првите шест месеци.
Пристигнувањата на странски туристи во првите шест месеци од годинава во Португалија ја надминале бројката од осум милиони, што е најдобрата прва половина од годината од почетокот на собирањето на таквите податоци, покажа во понеделник официјалната статистика.
Според податоците на државниот институт за статистика ИНА, речиси 8,2 милиони странски гости престојувале во португалските хотели во периодот од јануари до јуни, наспроти 6,3 милиони пред една година и 7,4 милиони во првите шест месеци од 2019 година.
Туризмот е клучниот двигател на тамошната економија и сочинуваше речиси 15 отсто од нејзиниот БДП пред пандемијата, потсетува Ројтерс. Гостите од Британија, повеќе од еден милион од нив, имаат најголем удел во вкупните пристигнувања на странски туристи во првата половина на 2023 година, а потоа следат гостите од Шпанија и САД. Кога во статистиката ќе се вклучат и домашните туристи, секторот за комерцијален туризам забележал 13,6 милиони гости и 34 милиони ноќевања во првите шест месеци, а вкупните приходи се зголемени за 32 отсто на годишно ниво, на 2,5 милијарди евра, објави државната статистика.