Кинески научници претставија иновативна 3Д испечатена ВЦ школка која има исклучително лизгава површина, а останува отпорна на валкање со какви било материи дури и после тешка употреба. Тоа значи и многу помала потрошувачка на вода при миење на веце школката.
Јике Ли и неговите колеги од кинескиот Универзитет за наука и технологија Хуажунг користејќи 3Д печатење педантно направија модел на школка која е приближно 10% поголема од стандардните. Нивниот модел е направен со фузија на пластични и хидрофобни зрнца песок со помош на ласерска технологија. Потоа вешто е нанесен слок силиконско масло кое продира под површината благодарение на уникатниот состав на материјалот.
Различните материи како што е матна вода млеко, јогуст, мед, гел со додаток на скров и синтетички измет ригорозно се ставани на површината за да се тестира веце школката. Вчудовидувачки е тоа што ниедна од овие материи не ја извалкала школката. Дури и после 1.000 пати брусење со хартија за брусење веце школката останала непроменета, што е многу импресивен резултат.
Ли вели дека ова е долготрајна директна последица на маслото за подмачкување кое се наоѓа под еродираната површина. Тој иновативен концепт има голем потенцијал, особено во средини со голем промет како што се возовите и јавните тоалети. Ли вели дека со намалениот волумен на вода за измивање не само што ќе се заштеди вода, туку ќе се намалт и трошоците поврзани со транспортот.
Но, оваа технологија треба да се доработи за да може да се произведува за масовна употреба.
(New Scientist)
(фото: Flickr)