Научници успеаја да ја откријат технологијата замислена во филмот „Враќање во иднината“

- Advertisement -

Научници од Универзитетот Пенсилванија осмислија и создадоа прототип на технологијата која им овозможува на предметите да лебдат само со помош на енергија од светлината. Технологијата на прв поглед потсетува на „hoverboards”, односно скејтбордови кои лебдат како тие од популарниот филм „Враќање во иднината“.

Иако можеби е тешко да се замисли дека светлината може да придвижи некој предмет, научниците успеаја да докажат дека е возможно и тоа со помош на ЛЕД сијалици кои ги ставиле во вакуум и ја концентрирале нивната енергијаа кон два пластични предмети. Тие парчиња пластика успеала да лебди и да се движи по вакуум комората.

- Advertisement -

Резултатите ги изненадиле и самите научници, а дека нивната технологија има иднина покажува и фактот дека за неа е заинтересирана и НАСА. Научниците кои работеле на ова истражување сметаат дека нивната технологија може да има најдобра примена во вселената, па природен партнер би била НАСА. Имено, технологијата на лебдење посебно ја интересира НАСА за истражување на Марс, каде што владеат сосема поинакви гравитацски и атмосферски услови отколку на Земјата. Но, технологијата на лебдење би можела да се користи и на многу други полиња.

(Wired)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -