За изградба на колонија на Марс доволни се 22 луѓе

- Advertisement -

Ново истражување објавено во САД покажа дека за изградба и одржување на колонија на Марс доволни се минимално 22 луѓе.

Научно-фантастичните филмови го популаризира концептот за вселенски патувања и изградба на колонии на Марс, но во реалноста тоа е многу комплициран инженерски потфат со многу логички предизвици. Суровите услови на Црвената планета бараат секое живеалиште на површината да биде само одржливо, а изградбата на такво живеалиште целосно зависи од идните истражувања и нивните роботски помагала.

- Advertisement -

Во своите анализи истражувачите дискутираат за бројот на луѓе кој е потребен за извршување на задачите, односно за изградба и одржување на самоодржлива колонија на Марс. Истражувањето на Универзитетот Џорџ Мејсон во Ферфакс покажало дека се доволни само 22 луѓе за изградба и одржување на живеалиштето. Претходно се верувало дека за тоа се потребни 110 луѓе..

Во новото истражување предвид се земени различни критериуми, вклучувајќи го човечкото социјално и психолошко однесување и суровата средина на Марс.

- Advertisement -

Истражувачите направиле компјутерски модел на колонијата користејќи го моделот Agent-Based Modeling (ABM), кој се користи за анализа на интеракцијата меѓу луѓето, објектите, локациите и времето. Исто така, земени се предвид и претходните податоци за тимовите со високи перформанси во оддалечени средини со висок стрес, вклучувајќи ги подморниците, арктичките експедиции, војните и Меѓународната вселенска станица.

(Klix.ba)

Сподели!
- Advertisement -