ВИДЕО: Во септември пристигнува паметна медицинска вага

- Advertisement -

Откако беше претставена на минатогодишниот саем за електроника CES, каде што освои награда за иновација, паметаната вага Withings Body Scan Connected Health Station чекаше одобрение од Американската агенција за храна и лекови FDA за да може да се користи како медицински уред.

Сега стигна одобрение од FDA и вагата во септември ќе се најде во продажба по цена од 400 долари. Од компанијата Withings велат дека ова е многу повеќе од вага затоа што станува збро за дијагностичка здравствена единица, која носи бројна здравствена метрика, вклучувајќи мерење на мускулна маса, масно ткиво и висцерални масти, срцев ритам, пулс и васкуларна старост, здравје на нерви, коскена маса, индекс ан телесна маса, а кога ќе ви ги прикаже сите тие податоци, од неа можете да добиете дури и временска прогноза и извештај за квалитетот на воздухот.

- Advertisement -

Тоа е првата здравствена единица одобрена од страна на FDA која открива фрибрилација на атриите, ја анализира сегментираната телесна композиција, ја мери активноста на нервите и ја следи возраста на крвниот систем. Дури и користи галвански кожен одговор (GSR) за следење на нивото на потење на стапалата за да открие знаци на невропатија.

Самиот уред се состои од платформа од калено стакло со интегрирана рачка на вовлекување. Има четири сензори за тежина, 14 ITP електроди на вагата и 4 електроди од нерѓосувачки челик во рачката. Од Withings велат дека батеријата на вагата ќе издржи 12 месеци пред да мора да се полни. Екранот е LCD во боја со дијагонала од 3,2 инчи за преглед на мерните податоци.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: Wallpaper Flare)

Сподели!
- Advertisement -