Знаете ли какво е чувството кога некоја песна ви се мота по глава, ја потпевнувате мелодијата, но не знаете која песна е, ниту кој ја пее? Е па YouTube сега повторно ќе ви го олесни животот. Имено, компанијата разви технологија која препознава песни врз основа на тоа ваше потпевнување. Слична опција Google пред неколку години воведе во својот интернет пребарувач.
Таа технолгија сега е усовршена и YouTube ќе може да го препознае името на песната врз база на само 3 или повеќе секунди потпевнување на мелодијата или, се разбира, ако ја репродуцирате песната. Технологијата е базирана на модели на машинско учење кои можат потпевнувањето да го поврзат со, како што го нарекуваат во Google, отпечаток на песната, односно нејзината препознатлива мелодија. Кога системот ќе ја препознае песната, на корисникот ќе му даде предлози со видеа на YouTube – официјално видео, видеа на други корисници или кратки видеа во кои се репродуцира песната.
Корисниците кои се дел од оваа експериментална опција може да ја најдат на истото место каде што се наоѓа гласовното пребарување. Потребно е да се смени опцијата од гласовно пребарување во пребарување песни, а на почетокот дел од експериментот ќе бидат само дел од корисниците на Android.
Од YouTube не ги откриваат понатамошните планови за новата опција, па не е познато дали сакаат да ја прошират на сите корисници, односно дали ќе биде достапна во сите верзии на мобилната апликација на YouTube.
(Zimo)
(фото:Arta Pixel )